Кривични пријави против градоначалници на опозицијата
Полицијата поднесена кривична пријава против градоначалник на Делчево Горан Трајковски. Надворешната канцеларија за криминалистички работи на Делчево, го сомничи градоначалникот дека ја злоупотребил службената положба и овластување - вработувајќи административен службеник - кој ги исполнил условите за старосна пензија.
Со незаконското вработување како што посочуваат од МВР - Трајковски по основ на исплатени придонеси и плата и нанел штета на општината - во износ од 762.318 денари
- Пријавениот Г.Т. како овластено службено лице градоначалник на Општина Делчево на 01.08.2018 по јавен оглас од 25.06.2018 за вработување на административен службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на службената должност донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево, кој уште во првата фаза од постапката за вработување, како и во моментот на донесување на решението за стекнување на статус на административен службеник ги исполнувал законските услови да се стекне со право на пензиско и инвалидско осигурување со навршени 64 години старост, што претставува основа за престанок на работен однос на административен службеник, а не основа за вработување, информираат од МВР.
Градоначалникот на Делчево Трајковски кој доаѓа од редовите на СДСМ за ТВ 24 - вели дека позади кривичната пријава стои политички притисок - тактика која ја користат неговите политички противници од ВМРО-ДПМНЕ. Нема никаква основа за мое гонење - оти изборот за вработување по основ на бодови го врши друга институција, додава Трајковски.
Минатиот месец полицијата поднесе кривична пријава и против градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски - за злоупотреба на службена положба и овластување. Во пријавата стои дека градоначалникот не извршил контрола за сомнителна промена на инвеститор.
И Митовски исто од редовите на СДСМ пријавата ја дефинира како политички прогон пред избори.

