Кривични пријави против деца и родители по случајот во Аеродром

МВР поднесе кривични пријави против четири деца и петмина родители по случајот со насилството врз 12-годишно девојче во скопската населба  Аеродром.

Две малолетнички  се товарат за „насилство“,еден малолетник за „поттикнување“ и уште еден малолетник за кривичното  дело „неовластено снимање“. 

Против родителите е поднесена кривична пријава за делото „запуштање и малтретирање на дете“. Законските одредби предвидуваат затворски казни.