Кривични пријави и за родителите по бруталниот напад во Ѓорче Петров: Ги запуштиле сопствените деца
Насилството во Ѓорче Петров доби правна завршница не само за децата, туку и за нивните родители. По бруталниот напад врз 13-годишното девојче кој ја згрози јавноста, полицијата денеска со нова серија кривични пријави.
Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров поднесе шест кривични против десет родители на малолетничките инволвирани во нападот. Пријавата се поднесува поради основано сомневање дека родителите ги запуштиле своите деца, што резултирало со тоа малолетничките да извршат кривично дело – физички напад врз врсничка.
,,Полицијата ги товари родителите Е. А., А. М., Е. С., Р. С., Р. Г., С. А., В. И., Ѓ. И., А. Т. и Т. Т. по член 201 став 1 од Кривичниот законик. Оваа пријава се поднесува поради основано сомневање дека родителите ги запуштиле своите деца што резултирало со тоа малолетничките да извршат кривично дело – физички напад врз врсничка.- информираат од МВР.
Ова доаѓа само еден ден откако полицијата поднесе кривични пријави за насилство директно против четири малолетнички – една 17-годишничка и три 14-годишни девојчиња. Тие се сомничат дека физички ја нападнале својата врсничка во населбата Ѓорче Петров, настан кој беше документиран со видеозаписи и фотографии.
Во рамки на целата постапка, на информативен разговор во полициска станица беа повикани вкупно 14 лица. Сега на потег е Обвинителството, кое ќе треба да одлучи за понатамошните чекори против родителите и нивните деца.
Дека случајот нема да помине само со полициска истрага, потврдуваат и од Канцеларијата на Народниот правобранител. Оттаму најавија дека по сопствена иницијатива отвораат предмет за да се испитаат сите околности и евентуалните пропусти на системот.

