Кривична за Лила Стојановска за затајување 1,78 милиони денари данок
Foto

Кривична за Лила Стојановска за затајување 1,78 милиони денари данок

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против водителката Лила Стојановска за „даночно затајување„ на 1,78 милиони денари данок. 

„Поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „Даночно затајување“ до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Л.С. која во својство на физичко лице во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година, на личната банкарска сметка, во три наврати примила парични средства во вкупен износ од 16.095.600 денари, по основ на склучен Договор за изготвување на „Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права“ со Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н“ - информираат од Финансиска полиција. 

Оттаму посачуваат дека „Расположивите парични средства како остварен приход Л.С. ги подигнала во целост и во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија“.

0 Коментари

Остави коментари