Кривична пријава за в.д директор, вработени во УХМР и една фирма за злоупотреби тешки околу 487 000 евра

Скандал во Управата за Хидрометеоролошки работи тежок над 30 милиони денари - Кривична заработија 9 физички лица, меѓу кои осум вработени во УХМР, управител на правно лице од Битола и едно правно лице од Скопје.

Станува збор за две сомнителни набавки во УХМР, со што, според МВР биле избирани неисправни понуди и одобрувани фактури со невистинити податоци. Според пријавата, на две фирми им била овозможена корист од речиси 488 илјади евра.

МВР

- На 15.10.2026 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против девет физички и едно правно лице и тоа: И.Т. (53), Р.Б. (61), Н.А. (63), Ј.М. (58), А.С. (43), С.А.М. (64), С.С. (61), Л.К. (64), сите вработени во Управа за хидрометеоролошки работи Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ во врска со „соизвршителство“, В.Х. (48), управител на правно лице од Битола за „злоупотреба на службената положба и овластување“ во врска со „соизвршителство“ и правно лице од Скопје за „фалсификување исправа“ .

Според пријавата, И.Т., во својство на вршител на должноста директор на УХМР, ја злоупотребил службената положба со цел да овозможи противправна имотна корист за други лица. МВР наведува дека тој донел две одлуки за набавки за ист настан во различни периоди, иако знаел дека постапките се правно нецелосни и процедурално неисправни.

МВР

- И.Т. во својство на в.д. директор на УХМР, ја злоупотребил својата службена положба, така што донел Одлука за избор на најповолен понудувач и во име на УХМР Скопје со правното лице од Скопје склучил договор за набавка на услуги, со што му овозможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист од вкупно 29.244.786 денари. Исто така, донел и втора одлука за избор на најповолен понудувач и во име на УХМР Скопје со правното лице од Битола склучил договор за набавка за печатење промотивен работен материјал и ситен инвентар, со што овозможил правното лице да се стекне со противправна имотна корист од вкупно 782.050 денари.

Кривично се пријавени и 61 годишниот Р.Б., претседател на комисијата за спроведување на набавката, како и Н.А. и Ј.М., членови на комисијата. Според МВР, тие во текот на 2023 година постапиле спротивно на утврдените услови и критериуми, иако биле свесни дека понудата на фирмата од Скопје била доставена со задоцнување и не ги исполнувала условите, додека понудата на фирмата