Кривична пријава за узурпација на јавен простор против угостители во Кочани поднесе в.д. градоначалникот Крстевски

Вд градоначалникот на Кочани Венко Крстевски поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство узурпација на јавна површина и бесправна градба од страна на угостителски објекти во Кочани. Крстевски тврди дека три месеци по трагедијата во  импровизираната дискотека „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти кои работат спротивно на законите и стандардите, загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните.