Кривична пријава за Трипуновски од раководителот на подрачното одделение во Берово за неовалстено снимање
Foto

Кривична пријава за Трипуновски од раководителот на подрачното одделение во Берово за неовалстено снимање

Овој раководител на подрачната единица во Берово кој реагира зошто техничкиот министер ја снима ненајавената посета, сега му подготвува кривична пријава за неовластено снимање. ТВ24 стапи во контакт со Гоце Милошевски кој објаснува дека се одлучил по судска постапка да ја бара правдата, бидејќи неговиот сегашен шеф Цветан Трипуносвки извршил грубо крршење на приватноста.

„Сакам да излезам да си ги заштитам своите права, бидејќи со ваквото неовластено снимање во текот на вчерашниот ден кон крајот на работно време таму упадна заменикот со вклучена камера со уште две лица, која цело време снимаше и на крај кажа дрско одговори да се види како се работи. Лично сметам дека со ваквиот пристап и начин на неовластено снимање и пренесување при медимуите има грубо кршење на нашата приватност. Јас сум уште потресен од вчерашниот настан, не знам која била целта со која намена направено. Ако сакаше да се грижи за земјоделците требаше да седне и да разговараме, проблемите постојат со години наназад, а со ваквиот начин и пристап нема да решиме ништо.“ - вели Гоце Милошевски.

По реакциите во јавноста Трипуновски на Фејсбук се дообјасни дека снимал затоа што имало јавен интерес да се види како се работи во министерството за земјоделство.

„Гледам многу нервоза и хистерија на Бихаќка! Па како и нема да има кога нивните функционери се фатени за време на работно време со нозете во вис! Жалење за нехуманиот однос на локалните функционери кон земјоделците, добив од фармерите. И тоа што ми го кажаа и го воочив и сам, а камерата го документираше. Ниту е прекршен Законот за заштита на лични податоци, ниту е извршен мобинг! Јавен интерес е оваа снимка да биде објавена.“ - изјави Трипуновски.

Инаку, според домашните закони јавниот интерес е поголем од незаконското снимање доколку со него се прикажува потешко кривично дело од самото неовластено снимање. За СДСМ нема дилема дека со снимката нема јавен интерес, туку притисок врз администрацијата предизборно.

„Со неовластеното снимање на вработените во подрачната единица Трипуновски сторил грубо прекршување на Законот за приватност на вработени во јавен или приватен сектор.“ - велат од СДСМ.

Сепак, сопартијците на Трипуновски не се толку гласни како него во оправдувањето на снимката иако велат дека тој на терен затекнал неработнци.

„Она што можат и не можат да прават е пропишано со закон. Доколку било кој во оваа држава постапува согласно своите надлежности, дали е тоа излегување надвор од неговите надлежности има кој да каже и ако некој се почувствува загрозен има кој да каже.“ - изјави Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Од активностите на дополнителниот заменик се огради министерот Трајан Димковски. Вакви ненајавени посети од министри и високи функрионери се ретки, но се случуваа и претохдно. Пред 4 месеци вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се стави во улога на инспектор и на терен проверуваше зошто не се поставени двојазични табли. Пред неколку години изненадувања на лекарите им правеше министерот за здравство Никола Тодоров кој после полноќ ги „ловеше“ а потоа соопштуваше дека спиеле или пушеле цигари во болниците.

0 Коментари

Остави коментари