Кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници, шест се лишени од слобода, по еден се трага, тројца веќе се во притвор
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против десет полициски службеници.
Во овој случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 07.12.2012 година до 21.01.2022 година, како соизвршители, сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност.
Како што соопштија од ЈО осомничените како службени лица вработени во СВР Штип и ПС Кочани, во овој временски период, како соизвршители, не постапиле според прописите за мерките за заштита, не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за кабаре „Пулс“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир. Со издавањето на согласностите сите заедно му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови.
Јавниот обвинител на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје ќе предложи на седуммина осомничени да им определи мерки на претпазливост. Останатите тројца осомничени се обезбедени со претходната постапка.