Кривична пријава за поранешен директор на здравствен дом - Куманово

Кривична пријава за поранешниот директор на Здравствен дом Куманово, Ф. A. за злоупотреба на службена должност и овластување. Кривичната се однесува на назаконско исплаќање односно оштетување на буџетот на Здравствениот дом Куманово во вкупен износ од  21.594.510 денари.

„Пријавениот - како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да добие одобрение од Министерство за здравство, а потоа и без да обезбеди согласност од Министерството за финансии незаконски вработил вкупно 127 лица, со што постапил спротивно на Закон за работни односи и спротивно на Закон за трансформација во редовен работен однос констатирано од Државен инспекторат за труд.“ - МВР.

Пред две години, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна дека искусни медицински сестри во Куманово се избркани од работа и на нивно место се поставени кадри на ДУИ, тогашниот директор Алили, се огласи по обвинувањата и посочи дека ниту една од медицинските сестри не е кадар на ДУИ и нагласи дека за вработувањата одлучува стручна комисија. Според Алили автоматски се рангирале кандидатите, согласно оценките од средно образование и знаењата покажани на тестирањето. 

Ова не е прв сличен случај во здравството, пред извесен период околу 50 лица давале и примале поткуп во замена на за инвалидски пензии и туѓа нега.