Кривична пријава за 18 полицајци и вработени на патарината Романовце
959 пати 12 полицајци кои биле ставени на список ја поминале наплатна рампа Романовце без да платат, МВР им поднесе кривична пријава. Пријави си добија и шесте вработени на наплатната рампа кои гратис ги пропуштале полицајците.
Вработените во МВР го искористиле статусот и прибавиле материјална корист со неплаќање на билет за премин на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово-Миладиновци и обратно со своите приватни возила.
Против полициските службеници ќе биде поднесен предлог за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе бидат изреченои задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Патарината кај Романовце чини 60 денари за автомобил, тогаш според пријавата од обвинителството, полицајците од списокот го оштетиле буџетот за повеќе од 1800 евра. Ова не е прв случај поврзан со измама на вработени на патните станици во земјава. Јавноста беше сведок и на акцијата „Змиско око“. Уапсените се товареа за злосторничко здружување, кое не издавало фискални сметки за платени патарини, а парите ги ставале во џебот по што повторно организирано си ги делеле.
Низ годините Апелацискиот суд три пати го враќаше предметот пред Кривичниот суд, а имаше и осудителни, условни и ослободителни пресуди.