Кривична пријава против поранешен градоначалник на Струмица
СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против поранешен градоначалник на Општина Струмица и уште пет лица поради сомневање за сериозни неправилности во постапката за јавна набавка на електрични автобуси за потребите на ЈСП „Струмица-транспорт“.
Пријавениот поранешен градоначалник К.К. се сомничи за злоупотреба на постапката за јавен повик и доделување договор за јавна набавка. Тој, според пријавата, ги прекршил правилата на тендерската процедура со ангажирање на лице без соодветни стручни квалификации и без лиценца а за надзор од областа на електротехниката. Во тендерската документација биле внесени спецификации кои речиси идентично одговарале на карактеристиките на автобусите што подоцна биле набавени, што упатува на можност за претходно договарање. Со овие дејствија била спроведена набавка на 10 електрични автобуси во вредност од околу 430 милиони денари или околу 7 милиони евра.

