Кривична пријава од Левица за Мицкоски, го обвинуваат за договор со Коцевски, Мицковски ќе поднесе контра тужба за клевета

Поднесена кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски од Левица околу истрагата за Кочани. Димитар Апасиев од пред ОЈО ја образложи кривична потпирајќи се на членот 368 став 5 од кривичниот законик. Според нив имало попречување на правдата за Кочани и судир на интереси меѓу државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и премиерот и не биле гонети функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, за кои велат дека имаат вина.

Премиерот со експресен одговор за кривичната од Левица. Мицкоски им стои на располагање на органите ама доколку се утврдело спротивното ќе поднел конта кривична за клевета и лажење.  

Од левица очекуваат дека обвинителството ќе соберело сили и ќе го повика премиерот на распит. Апасиев замерува што никој досега не бил обвинет за корупција туку обвиненијата за сите инволвирани биле за тешки дела против безбедноста.