Кривичен суд одлучува за домашниот притвор на судијата Ѓоко Ристов

Кривичен суд одлучува за домашниот притвор откако едногласно членовите на Судскиот совет му го одземаа имунитетот на Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени соѕидани 350.000 евра во ѕид во куќата на неговите родители.

Судскиот совет даде пас и за домашниот притвор, а го отстрани и Ристов од позицијата. Судијата се сомничи за противправно стекнување и прикривање имот, перење пари, како и други казниви дела.