Кривичен суд бара одземање на имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Од Кривичниот суд Скопје е испратен допис до Судскиот совет со кој се бара одземање на имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, потврдуваат од таму за ТВ 24.

„До нас стигна предлогот на надлежниот обвинител на осомничениот апелациски судија да му се додели мерка домашен притвор и ние преку писмо побаравме од Судскиот совет да одлучи за неговиот имунитет. Кога ќе има решение и зависно од него, постапката ќе продолжи во Кривичниот суд“, велат од судот за ТВ 24.

ОЈО ГОКК веќе информираше дека за Ристов бара домашен притвор и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на граница.