Кривичен му определи мерка куќен притвор на возачот кој со мотоцикл смртно прегази пешак на пешачка патека

Скопското јавно обвинителство денеска соопшти дека ќе вложи жалба на одлуката на Кривичниот суд, поради тоа што наместо ефективен притвор, му одредил куќен притвор на 25 годишно лице кое со својот мотоцикл кој го управувал без возачка дозвола, смртно го прегазил Југослав Николовски буквално на пешачката патека пред неговата зграда лоцирана кај Паркот на франкофонијата на улицата „Јован Хаџиконстантинов-Џинот“. 

Мотоциклистот покрај што возел без возачка дозвола, возел на пешачка патека без да ја прилагоди брзината. Тој удрил во сега веќе починатиот Николовски и не застанал да му укаже никаква помош, по што и тој се превртел со моторот на кој имало совозач.   

Николовски од здобиените тешки телесни повреди следното утро починува а мотоциклистот  Обвинителството го товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и на имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. 

Мотоциклистот бил и претходно осудувано лице.