Критични моменти во Собранието – двотретинско мнозинство се уште нема
Интервенција во уставниот закон со кој би се вметнала актуелната формулација за државјанството која стои во документите кои се издаваат на албански јазик неофицијално е клучниот проблем меѓу Заев и Касами во предворието на уставните измени. Неофицијално СДСМ не прифатила никаква интервенција во уставниот закон . Со ова и натаму виси потребното двотретинско мнозинство за да бидат гласани уставните измени за што пак Беса бара гаранции дека такви измени понатаму би се случиле . Премиерот Заев пак денеска на новинарски прашања рече оти е оптимист и посакува процесот да има финиш каков што очекува а во спротивно владејачката партија ќе мора да свика централен и да си понесе одговорност . По однос на преговорите и барањата на Беса вели неговиот став е јасен односно дека државјанството мора да остане Македонско но се бара формулација со која ќе се најде заедничко прифатливо решение и за мултиетничкиот карактер на земјава. Сепак вели мора да се направи разлика меѓу националноста и етникум.
„Тука се изнаоѓаат техничките аспекти на решавање. Државјанството е македонско и така ќе остане. Нема дилема, Беса не бара да се смени идентитетот. А будното око на осумтте пратеници токму тоа го прави. Јас сум исто тука и другите пратеници, за да на крајот се изнајдат техничките формулации, на тоа работиме како државјанството за сите да биде македонско крз граѓани на република Северна Македонија, а сепак, да не Албанците и другите помали етнички заедници бидат Македонци, зошто не се Македонци, се Албанци и од Македонија, Турци од Македонија, Срби од Македонија. Тука е формулацијата која се наоѓа. Вкушната бројка ќе се знае на самиот акт на гласање. Вчера на утврдуваљње на дневниот ред беа 78, 77, 76, ќе видиме на првиот амандман.“ - изјави Заев.
Пренесувајќи го овој став Заев исто така подвлече оти тој кореспондира и со оној на 8 те независни пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои се вложија како што рече целосно во амандманската расправа и мора да бидат испочитувани и нивните барања. Денешните неколкукратни одложувања на седницата беа токму поради преговорите кои Заев ги водеше со осумката и Беса. И додека во јавноста се калкулира за бројката кој се ќе даде поддршка за уставните измени ставот на осумката и натаму останува дека нема да ги гласаат доколку се прифатат барањата на Беса .Крилото на Касами пак за сега се уште не отстапува од своите барања.

