Критична состојбата со пожарите - се шират кон Кавадарци
Foto

Критична состојбата со пожарите - се шират кон Кавадарци

Неколку пожари се активни во земјава и покрај апелите упатени до граѓаните да се внимава. Состојбата со пожарот кај росоманското село Манастирец се уште е критична, а се појави и нов кај соседното Трстеник.

Од противпожарната единица во Кавадарци велат дека ветерот не им оди во прилог, па можно е ноќта да ја минат таму бидејќи огнот се шири кон Кавадарци. Упатија апел до сите слободни пожарникари кои не се на смена да се вклучат за да не биде оставен Кавадарци на милост и немилост.

Foto Foto

0 Коментари

Остави коментари