Кристијан Кастања за тв 24: Македонија „тоне“ во политичка поларизација, европските партии да не стојат настрана

Европските политичари да покажат поенергичен став кон македонските сестрински партии, за да се откочи работата во македонското собрание. Се додека во Скопје доаѓаат само европски административци, а клучнитеЕУ партии стојат настрана ќе има поларизација на македонската политичка сцена - вели во интервју за тв 24 Кристијан Кастања соработник во францускиот сенат  и експерт за регионот.