Криштопанс си оди од Вардар, следна дестинација Фуксе Берлин
Foto

Криштопанс си оди од Вардар, следна дестинација Фуксе Берлин

Ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс е нов член на германски Фуксе Берлин, официјално објавија денеска од клубот.

Криштопанс неколку дена не тренираше во знак на протест поради неисплатените плати во Вардар, па незадоволството кулминираше и тој има нов ангажман. Летонецот има договор со ПСЖ од почетокот на идната сезона, па до јуни ќе игра во Бундеслигата.

Тој во досегашниот дел од сезоната за Вардар во ЛШ има постигнато 42 гола.

Информациите од трансфер-пазарот се дека и Русинот Павел Атман е пред заминување, и тоа во татковината, во Спартак Москва.

Незадоволството меѓу ракометарите расте, па не е исклучено да дојде „отказ“ и од некој друг играч. 

Вардар в сабота, во ЛШ, има натпревар против Мотор Запорожје. Меч кој мора да го добие за достане со шанси за осминафиналето.

 

 

0 Коментари

Остави коментари