Крихмаер и Штухец победници во последната спуст - трка од Светскиот куп
Винсент Крихмајр и Илка Штухец триумфираа на последните сезонски трки во спуст на финалето во Светскиот куп во алпско скијање што се одржува во Сулдеу, Андора.
Крихмајр стигна до четвртата сезонска победа во спуст со време од 1:26,59 минути. Тој зад себе ги остави двајцата Германци, Ромед Бауман и Андреас Сандер, кои задоцнија девет, односно 13 стотинки.
Александер Амод Килде, кој веќе ја обезбеди титулата во спуст, денеска заврши на шестото место. За потсетување, Марко Одермат веќе го осигура Големиот кристален глобус во генералниот пласман, а ги освои и титулите во велеслалом и супер велеслалом. Во недела на последниот натпреварувачки ден од финалето ќе се решава само за титулата во слалом.