Кревко примирје на Блискиот исток – Трамп уверен дека ќе има мир
Кревко примирје на блискиот исток...САД нападна ирански воени цели, Техеран возврати со ракетирање на воздухопловна база во Кувајт... Американската авијација погоди радарски системи, командни и контролни центри за управување со беспилотни летала..Најновиот напад е трето посериозно нарушување на примирјето меѓу САД и Иран договорено на почетокот на април... Во претходните два случаи и Техеран и Вашингтон се обидоа да го минимизираат значењето на нападите ...И покрај пораките кои доаѓаат од Иранската влада, Доналд Трамп е убеден дека Техеран навистина сака да постигне договор и им порача на критичарите да се опуштат...
Доналд Трамп – претседател на САД
„Зарем тие демократи и разни навидум непатриотски републиканци не разбираат дека многу ми е потешко добро да ја вршам својата работа и да преговарам кога политички платеници постојано и негативно зборуваат, на нивоа какви што никогаш порано не биле видени, повторувајќи одново и одново дека треба да одам побрзо, или побавно, или да започнам војна, или да не започнам војна, или што и да е? Само седнете и опуштете се, на крајот сè ќе заврши добро – секогаш завршува така! “
Иранската армија возврати на нападите..Цел била воздухопловна база која САД ја искористиле за да го почнат нападот... Според претставници на армијата, контролата над Ормутскиот теснец е од стратешко значење и е поважна од нуклеарниот арсенал..И покрај нападите, од Иранската влада велат дека продолжуваат разговоприте меѓу двете завојувани страни..
Абас Аракчи – министерз а надворешни работи на Иран
„Продолжува размената на пораки со САД. Сè додека разговорите не доведат до јасен исход, не е можно да се донесе оценка за нив. Сè што се кажува во оваа фаза е само шпекулација и не треба да му се придава значење.“ “
А според Американските и Британските медиуми, Иран оштетил или уништил 20 американски воени бази на блискиот исток..Иако од Белата куќа изјавија иранската авијација и ракетна програма била унипштена во првите денови од војната, аналитичарите тврдат дека штетата врз американските објекти, покажува дека одговорот на Техеран бил многу поголем отколку што се признава..
Кели Греко – аналитичар во Стимсон центарот
„Почетните ракетни напади на Иран беа масовни - дизајнирани да ги совладаат воздушната и ракетната одбрана преку самата бројност... Сепак, во рок од неколку дена, Иран премина на помали, попрецизно насочени напади, зачувувајќи ги преостанатите ракети и беспилотни летала за конкретни цели со висока вредност и концентрирајќи го огнот таму каде што дури и блиските промашувања предизвикуваат значителна штета.“
Израелската армија пак продолжува да освојува нови територии во Либан..Бенјамин Нетанјаху и нареди на војската да ги нападне позициите на Хезболах во предградијата на Бејрут.
Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел
„ И наредив на армијата да изврши удари врз терористички цели во Бејрут. Нема да дозволиме ситуација во која Хезболах ги напаѓа нашите градови и граѓани, а нивното терористичко седиште во Бејрут да остане недопирливо. “
Во меѓувреме, либанскиот претседател Џозеф Аун порачла дека земјата се соочува со израелска агресија...Побара од меѓународната заедница да ги осуди секојдневните напади и да го запре, како што го нарече страдањето на либанскиот народ, особено на луѓето на југот од земјата..

