Кремљ: Американската противракетна база во Полска бара соодветни мерки

Отворањето на американската база за противракетна одбрана во Полска е обид да се ограничи рускиот воен потенцијал и значи дека треба да се преземат соодветни мерки, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ова унапредување на американската воена инфраструктура кон нашите граници не е ништо повеќе од обид да се ограничи нашиот воен потенцијал, тоа води до усвојување соодветни мерки за обезбедување паритет“, рече Песков.

Американската одбранбена ракетна база денеска ќе биде отворена во Реџиков, Полска.