Креирање стручно образование и обука по мерка на бизнисот
Неопходно е креирање на стручно образование, согласно потребите на бизнис заедницата, во спротивно ќе се промаши целта. Образовен систем кој ќе биде во функција на задоволување на потребите на општеството, економијата, индустријата.
Стопанската комора организираше тркалезна маса за дефинирање на улогата на здруженијата во рамките на Стопанската комора во креирање стручно образование и обука по мерка на бизнисот.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека нејзиното менистерство е отворено за сугестии и препораки како да одиме напред и подобри квалитетот на наставата, секоја издржана препорака или сугестија ќе биде вградена во новиот Закон за средно стручно образование, за кој во моментов има јавна дебата,по што ќе се имплементира во пракса.
Поектниот менаџер Наташа Јаневска потенцира дека на компаниите им е потребен квалитетен и стручен кадар којшто може веднаш да премине од училишната во работната средина и да одговори на потребите и на сите технолошки процеси и промени со кои се соочуваат компаниите.
Од комората со години алармираат дека земјава се соочува со недостиг на кадар со стручна подготовка. Веќе седум години, во дел од средните училишта се применува моделот за дуално образование кој сартуваше со само 11 компани, интересот кај нив за вклучување во моделот секоја година расте. Со стручното образование учениците имаат можност за директно поврзување со компаниите уште додека им трае образовниот процес и големо олеснување за наоѓање работа.