Кредитите засега не поевтинуваат!
Народната банка ја задржува основната каматна стапка која е на ниво од 6,3 проценти. Ова практично значи дека не треба да се очекува да се намалат каматните стапки на кредитите.
Според информациите, Централната банка очекува дека со ова ниво на каматните стапки ќе се придонесе за дополнително намалување на инфлацијата но и задржување на стабилноста на девизниот курс.
Каматната стапка на депозитите останува на ниво од 4,4 отсто. Главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика е поради потребата од стабилизирање на инфлацијата која повторно порасна поради престанокот на важноста на мерката гарантирани цени, информираат од Народната банка.