Кравите во сопственост на АХВ повторно се вратија во Крива Паланка
Нема мир за жителите на Крива Паланка. Кравите кои се во сопственост на Агенцијата за храна и ветеринарство повторно слободно се движат низ градот и, според тврдењата на граѓаните, предизвикуваат материјална штета.
По снимките кои се појавија на социјалните медиуми Телевизија 24 контактираше жители на Крива Паланка кои велат дека добитокот може да се забележи и во самиот центар на градот, што дополнително го отежнува секојдневното функционирање на населението-доколку не се изнајде институционално решение, велат дека ќе бидат принудени да организираат масовни протести.
Според тврдењата на дел од Паланчани, во овој период од годината кравите се во активна потрага по храна, велат дека животните често се движат околу пазарите и продавниците, при што посегнуваат по изложената стока на тезгите.
Телевизија 24 побара став од Агенцијата за храна и ветеринарство. До објавувањето на прилогот, одговор не пристигна во врска со тоа какви мерки преземаат надлежните институции за надминување на проблемот, кој, според жителите, подолг период ги засега паланчани.
Додека пак градоначалникот Сашко Митовски вели дека состојбата подолго време е иста на терен, но нагласи дека е во постојан контакт со АХВ и се подготвуваат акции на терен..,.

