Кравите и натаму прават пустош во атерите на кривопаланечките села

Земјоделците ги пребројуваат последните штети направени од стадата крави врз нивните посеви. Велат дека во една земјоделска сезона во атарите на кривопаланечките села - се уништуваат стотини тони земјоделски производи. 

Се работи за речиси 800 грла на добиток кои слободно се движат и ги уништуваат посевите. Проблемот трае повеќе од една деценија , но последниве години зема замав. Дел од селаните пред камерата на Телевизија 24 го изразија револтот и побараа итна реакција од институциите.

Велат дека поради штетите, несоодветното напасување и чување на добитокот Агенцијата за храна и ветеринарство ги одзела кравите од сопственичките, но само на хартија. Тие и натаму стопанисуваат со нив, но на наш грб, добитокот практично се храни од нашите ниви. 

Од Агенцијата за храна и ветеринарство, велат дека поради несоодветно чување и одгледување на добитокот од сопственичките се одземени дваесетина грла добиток. Иако се одвива во отежнати околности - акцијата ќе продолжи и во наредниот период

АХВ

- Досегашните акции се одвиваат во лоши терански услови и континуирано попречување на активностите на официјалните ветеринари на АХВ за подигнување на говедата од страна на поранешните сопственички. Одгледувачот практично нема обезбедил заштита и благосостојба на животните, но и  не обезбедиле соодветни услови за животните. 

- Од полицијата соопштија дека изминативе две години се поднесени повеќе кривични пријави против поранешните сопственички на добиток.

- Пријавите се однесуваат за насилство, спречување службено лице при вршење дејствија, како и нарушувања на јавниот ред и мир со физички напади, за кои биле преземени соодветни мерки“, стои во соопштението на МВР

Дел од мештаните пак, проблемот го гледаат во Јавното обвинителството. Полицијата велат поднесува пријави, но се уште нема покрената постапка

Проблемот со добитокот последниве неколку месеци ја разбранува македонската јавност Пред неколку недели откако беа одземени неколку грла крави, поранешните сопственички и дури и на сила се обидоа да го повратат добитокот.