Кравав инцидент во Норвешка
Foto

Кравав инцидент во Норвешка

Осомничениот за нападот со лак и стрела, 37 годишниот Данец, преминал во ислам, а полицијата пред убиствата, вчеравечер, беше во контакт со него поради загриженост за радикализација, информираа од Норвешката полиција. Данскиот државјанин е  уапсен синоќа откако уби  пет лица, а двајца се тешко повреди.

„Веруваме дека станува збор за самостоен сторител, но ги држиме отворени сите опции, вклучително и дека станува збор за терористички напад“ „Претходно имаше загриженост дека човекот е радикализиран“. Жртвите се четири жени и еден маж на возраст меѓу 50 и 70 години. - изјави полицискиот началник Оле Северуд.

Полицијата вечерта добила пријава за инцидентот, мажот го започнал својот напад од еден супермаркет кој се наоѓал во западниот дел на градот Конгсберг, осомничениот е приведен за точно 34 минути. Данецот во моментов е во притвор,  а во тек е истрага за да се утврди дали нападот може да се третира како терористички акт.

Полицијата, која вообичаено е невооружена во Норвешка, по напдаот доби наредба на национално ниво да носи огнено оружје. Убиството на петте луѓе се случи на последниот ден од конзервативната влада на Ерна Солберг. Неколку часа пред да ја напушти функцијата. Премиерката во заминување ја смируваше јавноста, вели важно било што сега полицијата ја има контролата. 

„Разбирам дека многу луѓе се плашат, но важно е да се нагласи дека полицијата сега ја контролира ситуацијата.“ - вели Ерна Солберг премиерка на Норвешка.

Ова е втор голем напад во Норвешка по 2011 година кога десничарскиот екстремист Андерс Брејвик уби 77 луѓе, од кои повеќето тинејџери во младински камп.

0 Коментари

Остави коментари