Кратка но солидна, туристичките работници ги сумираат резултатите од летната сезона 2021.
Иако кратка, туристичката сезона 2021. може да се оцени како солидна и успешна со оглед дека и понатаму трае ковид пандемијата, велат туристичките работници.
Охрид ова лето го посетија голем број странски и домашни туристи. За разлика од минатите години пред пандемијата, кога најбројни туристи на брегот на Охридското езеро беа Холанѓаните и Турците, ова лето најмногу гостуваа туристи од Полска и Украина.
2021-ва е подобра од 2020-та, но се уште е далеку од сезоната 2019-та, која се смета за најуспешна со рекордни остварени милион ноќевања во земјава.
Од секторот туризам го делат ставот дека повторно ги очекува лоша зима, па затоа очекуваат повторна помош од државата во зимските месеци.
Туристичките работници се надеваат дека од идната пролет конечно светот ќе се врати во нормала, а со тоа и туризмот ќе се врати на старите патеки без никакви ограничувања.