Кралицата Елизабета Втора со Божикна честитка
Foto

Кралицата Елизабета Втора со Божикна честитка

Британската кралица Елизабета Втора ја упати традиционално нејзината Божиќната порака, наведувајќи дека се надева дека постигнала одредено количество мудрост во текот на своите 92 години.

„Некои култури веруваат дека долгиот живот носи мудрост. Јас би сакала да верувам во тоа. Можеби дел од таа мудрост е во препознавањето на некои животни парадокси, како тоа дека човечките битија имаат огромна склоност кон доброто, а сепак и капацитет за зло“  изјави кралицата Елизабета.

Кралицата потенцираше дека 2018 година била многу богата за нејзиното семејство, со двете венчави, две нови бебиња и уште едно бебе кое треба да се роди иднава година.
„Тоа ја одржува една баба многу зафатена, рече таа.

Годишната порака беше емитувана во многу од 53-те земји на Комонвелтот, а по службата во црквата кај кралскиот имот на која присуствуваа и членови на кралското семејство. Кралицата Елизабета и други членови на кралското семејство беа дочекани од луѓе кои традиционално се собираат да ги поздрават. Кралицата дојде од црквата Света Марија Магдалена, додека младите членови на семејството дојдоа пеш од куќата Сандригем, каде што кралското смејство традиционално ги минува божикните и новогодишните празници. Членовите на кралското семејство ги предводеше нејзиниот син, принцот Чарлс, а го следеа синовите принцот Вилијам со сопругата Кетрин и принцот Хари со сопуругата Меган.

0 Коментари

Остави коментари