Крај на надежите за ЕП, загубивме во Полска
Foto

Крај на надежите за ЕП, загубивме во Полска

Македонската репрезентација го претрпе третиот пораз во квалификациите за ЕП 2020, овој пат од Полска, во Вардшава, со 2-0. Слично како на дуелот во Скопје, Полјаците не ја надиграа нашата репрезентација нешто особено, иако имаа иницијатива, повеќе ја држеа топката и почесто се наоѓаа на нашата половина.

Без некои стопроцентни шанси, своето време си го дочекаа во завршните дваесетина минути од мечот. Во 74. во игра влезе Франковски и по неколку секунди се запиша меѓу стрелците Тој се најде на вистинското место по една полуконтра на Полска и реализира на додавање на Левандовски.

Шест минути подоцна, својот раскошен шут го покажа соиграчот на Елиф Елмас од Наполи, Аркадиуш Милик, погодувајќи од надвор од шеснаесетникот. Македонија имаше свои шанси, пред се преку Несторовски, но не успеавме да го загрозиме Војчех Шчесни. Ова беше осми натпревар, а трет пораз за Македонија во овие квалификации.

На две рунди до крајот уште сме трети на табелата, со 11 бода, колку и Словенија, која вечерва загуби на домашен терен од Австрија со 0-1. Австријците се издвоија со 16 бода, Полска е прва со 19. Следниот натпревар го играме дома со Австрија на 16 ноември.

0 Коментари

Остави коментари