Крај на евтината нафта - цените би би можеле да „експлодираат“ после нападите врз Иран

Војната на Блискиот Исток очекувано ги кренаа цените на нафтата. 

Според моменталните податоци, цената на суровата нафта се зголеми за 9,17 проценти, а цената на нафтата од типот Брент  за 9,81 процент

Трговците проценуваат дека сегашното нарушување на пазарот ќе биде релативно краткотрајно. Но, сепак се зависи од обемот и времетраењето на војната, за која претседателот Доналд Трамп навести дека може да трае со недели.

Ормутски теснец би можеле да ја зголемат цената на нафтата на 100 долари за барел или повеќе. 

Глобалните цени на нафтата пораснаа откако најмалку три брода беа нападнати во близина на Ормускиот теснец, додека Иран ги продолжува своите напади низ Блискиот Исток како одговор на континуираните воени дејствија од страна на САД и Израел.  

Иран ги предупреди бродовите да не минуваат низ Ормускиот теснец, стратешки премин низ кој се транспортира околу 20 проценти од светската нафта и гас 

Во неделата, групата ОПЕК+ на големи производители на нафта, предводена од Саудиска Арабија и Русија, се согласи да го зголеми производството за 206.000 барели дневно за да го ублажи потенцијалниот пораст на цените,  

Иран игра клучна улога на глобалниот пазар на нафта. Тој е голем производител, контролира витален морски пат за транспорт на сурова нафта и ја извезува во земји со голема побарувачка, како што е Кина. Според податоците на ОПЕК, Иран има трети најголеми докажани резерви на нафта во светот.