Козарев за Студио 10: Пандемијата доведе до поместување на бизнисите
Современите ризици и закани имаат клучно значење за деловното работење. Нивните последици уште повеќе ги отежнуваат деловниот амбиент и остварувањето на стратегиските деловни политики. Пандемијата на ковид-19 како понова здравствената закана доведе до поместување на темелите на сите бизниси, затоа што се покажа дека ниту еден сегмент од деловниот свет не беше имун на оваа пандемија. Според „Глобал рискс рипорт 2022“, економските предизвици што произлегуваат од пандемијата сѐ уште се присутни. - вели за Студио 10 Атанас Козарев претседател на асоцијацијата за корпоративна безбедност.