Ковид билтен: 29 починати од коронавирус во Македонија, 1.045 новозаразени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 557, Куманово – 57, Битола – 53, Тетово – 47, Велес – 41, Охрид – 39, Прилеп – 35, Гостивар – 33, Кавадарци и Струмица – по 32, Кочани – 19, Штип – 17...

Од вкупниот број на позитивни (1.045), регистрирани се 132 реинфекции.

Регистрирани сe 2.418 оздравени пациенти од: Скопје – 1.456, Битола – 288, Прилеп – 130, Куманово – 84, Ресен – 61, Кавадарци и Кичево – по 54, Велес – 35, Штип – 24, Тетово – 23, Гевгелија – 22, Неготино – 20, Радовиш – 14...

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 25 починати лица: 11 починати лица од Скопје (67 г, 74 г, 74 г, 76 г, 77 г, 77 г, 77 г, 77 г, 80 г, 83 г и 85 г), 3 починати лица од Прилеп (71 г, 78 г и 86 г), по 2 починати лица од Тетово (57 г и 76 г) и Штип (65 г и 79 г) и по едно починато лице од Кратово (81 г), Крушево (82 г), Неготино (85 г), Охрид (86 г), Ресен (64 г), Куманово (76 г) и Струга (69 г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Скопје (2), Свети Николе (1) и Струмица (1). 

Бројот на починати е 8.578, а бројот на активни случаи изнесува 12.324.