Ковид биланс: 428 новозаразени и 10 починати
Foto

Ковид биланс: 428 новозаразени и 10 починати

Нови 428 случаи на Ковид 19 и 10 починати е статистиката за последните 24 часа. Направени се 1853 тестирања, што е околу 23 насто. Починатите се на возраст од 53 до 87 години. Институтот за Јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти.

Најмногу новозаболени има повторно во Скопје 200, следуваат Тетово со 30 и Прилеп со 29 новорегистрирани случаи. Во болниците во земјава во моментов се хоспитализирани 475 пациенти позитивни или суспектни на ковид-19. Од нив, само двајца се на респиратор и тие се хоспитализирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Таму вкупно се сместени 45 пациенти.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, а таму вкупно се хоспитализирани 100 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 62 пациента. Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот. Најмногу активни случаи  во скопските општини има во Аеродром 531, следуваат Центар и Карпош со 448 и 437.

Министерството за здравство повторно упатува апел до сите граѓани за почитување на мерките за заштита од коронавирусот. 

„Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце - одржување на хигиена се единствените мерки кои може да го стопираат ширењето на вирусот. Тие се клучни во борбата со ковид-19.“  велат од министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 23 илјади 628, бројката на оздравени пациенти е 17 илјади 239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555.

0 Коментари

Остави коментари