Ковид 19 зема уште еден млад живот - почина 35-годишен професор по хемија
Foto

Ковид 19 зема уште еден млад живот - почина 35-годишен професор по хемија

Непредвидливиот вирус Ковид 19 зема нова жртва, 35-годишниот професор по хемија во училиштето „25 Мај“, Алајдин Имеров.

Имеров, кој е татко на две малолетни деца, денеска ја загуби битката со коронавирусот, а неговите роднини пријатели се простуваат со него на социјалните мрежи.

„Напорна работа и мулти-елан за работа, неговата посветеност и дела за учениците во училиштата, како и подигнување на нивото на писменост од неговата работа, ќе останат печат за следните генерации“ стои меѓу коментарите на фејсбук профилот на Имеров.

Сочувство до семејството!

0 Коментари

Остави коментари