Ковид 19 забрзано се враќа, за една недела над 65 отсто повеќе позитивни
Бројките на новозаболени од ковид 19 во земјава се зголемуваат. Скопје и Охрид се градовите со засега најмногу ковид болни.
Но, хоспитализации има многу малку па Комисијата за заразни болести смета дека сеуште не е потребно воведување на нови мерки, иако не е исклучена таа можност во случај на рапидно зголемување на бројката на новозаразени.Зголемувањето на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела изнесува 65, 8 %.
Зголемениот број на активни случаи повторно е во местата каде има поголема фреквенција на луѓе.Таков е примерот со Охрид кој периодов е прилично раздвижен со туристи.Иако се прогнозираат уште повисоки бројки за наредниве неколку недели дел од лекарите не очекуваат пораст во бројките на хоспитализации и смртни случаеви.Д-р Мехмедовиќ пак вели не може со сигурност да се каже како ќе се одрази овој бран кај нас. Подготвени сме и за неповолно сценарио.
Лекарите потсетуваат на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.