Ковид-19 ги откажа Мајските Оперски Вечери
Foto

Ковид-19 ги откажа Мајските Оперски Вечери

Месец мај, за љубителите на операта значи месец во кој покрај фестивалскиот оган гори и желбата на публиката за нови оперски претстави. За уметниците, период на динамика и радост . Во куќата на операта е празно ,ја нема позитивната енергија на сиот персонал а ги нема лесните и весели чекОри и на балерините и звуците на распеаните музичари. Ковид 19 ги промени плановите .

Мајските оперски вечери за прв пат нема да се одржат. Фанфарите и фестивалскиот оган ќе почекаат подобар момент.

Уметничкиот раководител на операта, Бисера Чадловска вели дека за нив 9 мај е најзначајниот ден во годината и ова е исклучително тежок период за уметниците.

Уметноста не смее да згасне и затоа од НОБ највуваат онлајн претстави, со кои операта и балетот ќе продолжат да живеат и во време на корона.

Директорот на НОБ посакува што побргу да заврши пандемијата и сцената повторно да блесне во вистинско светло.

Мајските оперски вечери никогаш нема да згаснат ,вели Чадловска, ова е само една препрека која успешно ќе биде надмината , затоа што светот без уметноста е празен и тажен а на уметниците местото им е на сцената каде тие секојдневно оставаат дел од себе.

0 Коментари

Остави коментари