Ковачки: СДСМ да се произнесат за скандалот со средбата на Џафери

Талат Џафери со своето поведение е опасност за националната безбедност. Постојат сомнежи дека се среќавал со луѓе кои се потенцијален ризик за нашите стратешки партнери.

Талат Џафери, но и власта на СДСМ и ДУИ се должни  на македонската јавност да и објаснат:

Зошто криеше дека при средбата со делегација имало безбедносно-интересни лица и кога планираше да ја запознае јавноста за овој факт? Што договарал со делегацијата во која бил и поранешниот пратеник на Думата Абдул-Вајед Нијазов, во случајов претставник на Чеченската делегација? Дали пред средбата со безбедносно-интересни лица е направена проценка од страна на надлежните безбедносни служби и доколку е направена, зошто е дозволена таква средба? - изјави Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.