Ковачки обелодени афера во АРМ за офицерски изнуди на сексуални услуги од млади колешки и војници
Кој и зошто изнудувал сексуални услуги од подредени офицерки и млади војници во АРМ едно од прашањата кое ја вжешти атмосферата на седницата за пратенички прашања а го постави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
Директно го впери прстот и кон министерката за одбрана Славјанка Петровска дали била запознаена за оваа афера и ако е така зошто владата го криела тоа под тепих. Не изостанаа ниту лекциите од собраниската говорница за бон тон и добро однесување, откако министерката Петровска пак го обвини Ковачки дека најголем дел од она што го изнел и до сега било невистина но за конкретниот случај тврди си има посебни записи кои се дадени на надлежни институции а министерката не е таа која ја води и влијае врз истрагата.
Не изостанаа ниту препукувањата околу Бехтел и Енка меѓу власта и опозицијата откако ВМРО-ДПМНЕ повторно обвинија дека државата ќе плаќа пенали а пак вицепремиерот Груби возврати дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ се само неми послушници на нивниот лидер Мицкоски.
И оваа седница за пратенички прашања помина во речиси полупразна сала. Опозицијата негодуваше и критикуваше за актуелни политички теми власта пак со контра тези и аргументи . Пратеничките прашања редовно се оддржуваат секој последен четврток од месецот.