Ковачевски, Вучиќ и Милатовиќ на вечера – ја отпеаја „Дајте вина хочу лом“

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ присуствуваа на отворањето на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“.

По саемот, тие ја продолжија вечерта во српски ресторан, па дури и заедно и  запеаја. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот инстаграм профил објави и видео од атмосферата.