Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ да го каже јавно она што го ветува пред меѓународната заедница

Уставните измени за кои европската заедница е се погласна дека мора да се случат се камен на сопнување меѓу власта и опозицијата.

Премиерот Ковачевски вели  опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да биде децидна дали ќе го оствари тоа што го ветува пред меѓународниот фактор. За високото ниво на корупција премиерот смета дека секој поединец е должен да го почитува системот.