Ковачевски: Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на светите браќа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски упати телеграма со честитки по повод патрониот празник до ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Во телеграмата со честитки по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, на ректорот и на деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите студенти, премиерот Ковачевски им го честита патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој е нераскинлив дел од историјата на Северна Македонија како прв државен универзитет во нашата земја.