Ковачевски: Со поедноставените процедури за фотоволтаични централи ги стимулираме инвестициите во обновливи извори на енергија
ретседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска во Делчево ја посети една од најголемите компании во регионот од областа на дрвопреработувачката дејност, која постојано инвестира во нови технологии во производството, а последната инвестиција е во фотоволтаична централа за електрична енергија.
Во продолжение Ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски:
„Грижата за развојот на домашните компании и нашата определба за домашно производство на електрична енергија даваат резултати. Пример за тоа е компанијата Алпин ком каде што сум денес.
Мотивација е да се слушне дека една домашна компанија, основана во 2004-тата година, со дејност во дрвопреработувачката индустрија, прераснува, прво во една од најголемите фирми во регионот во оваа област во која во моментов работат 240 лица, со плата над просечната. Но уште поголема мотивација е да се чуе за нивната нова инвестиција, фотоволтаична централа, на површина од 35 декари, со моќност од 1,8 мегавати, за продажба на електрична енергија.
Компанијата успева да опстои на пазарот, дури и да се развива, во услови на пандемија, а потоа и на економската и енергетската криза предизвикани од светските случувања, со инвестициите во нови технологии на производство, за што во голем дел помогнале антикризните мерки од Владата.
Овие мерки кои Владата ги донесе во време на ковид кризата, а кои беа во вкупна вредност од 1.2 милијарди евра, се само еден од пакетите мерки кои ги обезбедивме за граѓаните во изминативе кризни години. Само во 2022 година пакетот мерки за поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза достигнаа над 760 милиони евра, пакет кој според Светската банка е најголемиот пакет за поддршка во регионот кој е обезбеден за граѓаните за поддршка за справување со енергетската криза.