Ковачевски: Со новиот деветти пакет мерки од 662 милиони евра, продолжуваме да ги помагаме најранливите, компаниите и економијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска одржа прес-конференција на која што го презентираше деветтиот пакет антикризни мерки, кој е во вредност од 662 милиони евра.

- Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност, насочени кон таргетирана поддршка за ранливите категории на граѓани и компании како и поддршка за надминување на потешкотии во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза. Со мерките се опфаќаат 120 000 млади лица, над 74 000 социјално ранливи категории на граѓани, над 187 000 пензионери, 40 000 земјоделци, речиси 540 000 корисници на апликацијата мој ДДВ. 600 000 домаќинства, како и над 70 000 компании. Со системските мерки за 2023 и 2024 година се опфатени пак над 338 000 пензионери и 106 000 вработени во администрацијата. За мерките наменети за граѓаните, домаќинствата и земјоделците издвоени се во износ од 156 милиони евра. - рече Ковачевски.