Ковачевски со изненадување во раководството: Неофицијално Костадиновска -Стојчевска, Фити, Костадинов и Битиќи нови потпретседатели

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, која јавноста ја запамети по што прва галсаше во скафандер како позитивна од ковид во Собранието и Нина Фити актуелниот член на ИО,  градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и актуелниот потпретседател и вицепремиер  Фатмир Битиќи - неофицијално овој состав според високи партиски извори на СДСМ се очекува Димитар Ковачевски да го презентира в понеделник пред ЦО како негови нови потпретседатели.

Во однос на секретарите нема изненадувања, Миле Зечевиќ генерален секретар, Бојан Маричиќ секретар за меѓународна соработка, а за нов организациски секретар Зечевиќ мора да пресече меѓу двајца кандидати. ТВ 24 контактираше со дел од имињата кои се изненадување, меѓутоа сите велат дека се ќе се знае в понеделник, но никој не демантира отсечно. 

Ковачевски освен најтесното раководство ќе го избере и Извршниот одбор, во кој се очекуваат изненадувања. ТВ 24 вчера објави дека во новиот ИО ќе има место за дел од поранешните високи партсики функционери, но ќе останат и дел од актуелните.

Во ИО според информациите на ТВ 24 Ковачевски планира и тело кое како што брифираат за ТВ 24 ќе ги промовира социјалдемократските политики, во кое би учествувале и универзитетски професори. По изборот за претседател самиот Ковачевски најави дека новото раководство ќе биде обид за обединување на партијата и крилата во СДСМ. 

Ковачевски парарлелно ги прави и контурите на Владата. Од ЦО ќе добие поддршка да ја предводи и новата Влада. 

В среда според најавите шефот на државата ќе му го додели мандатот. Парарлелно со новото раководство се прават и контурите на Владата. Според неофицијалните информации на ТВ 24 доколку прифати Нина Фитиу, би можела да биде нова министерка за труд и социјална политика, додека За Стојчевска е неизвесно дали е во планот на Ковачевски за министерскиот кабинет. Извесно е дека на Илинденска број 2 од раководството остануваат Битиќи и Маричиќ, но као што објави ТВ 24, тој од правда ротира во евроинтеграции.

Она што се очекува е и покрај различните ставови е е во МВР да остане Оливер Спасовски, Благој Бочварски во трансоотт и врски, додека не се исклучува во Владата да  биде и Љупчо Николоски, Ковачевски како дел од Владата ја планира и заменик потпретседателката, а СДСМ Сања Лукаревска. Според инормациите министерство со ресор се очекува да добие и пратеничката Славјанка Петровска. ТВ 24 вчера објави дека образование оди кај ДУИ, а министер ќе биде Јетон Шаќири додека пак земјоделство се враќа во СДСМ.

В недела на Бихаќка ќе има работен состанок, на кој ќе се договори состанокот в понеделник. Колку од плановите на Ковачевски ќе се исполнат - конечно ќе се знае в понеделник. Бидејќи као што брифираат дел од фунцкионерите до тогаш има доволно време да има и промени, бидејќи како што велат од функционреите кои се во игра за функции - кога се работи за кадровски решенија и функции во СДСМ се е можно.