Ковачевски: САД и Северна Македонија го докажуваат поимот партнерство на дело, добивме силна поддршка за евроинтеграциите
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска, во Владата на Република Северна Македонија се сретна со американскиот сенатор Крис Марфи, со кого по одржување на билатералната средба одржаа заедничка прес-конференција.
„Ова е наша втора средба за неполни три недели, по средбата која ја имавме неодамна во Вашингтон, за време на мојата посета на САД. Овие наши чести средби говорат за силната посветеност на сенаторот Марфи кон регионот, и за неговата лична и континуирана поддршка на Северна Македонија и нејзиниот демократски развој, стабилност и просперитет. САД и Северна Македонија го докажуваат поимот партнерство на дело. Реформските процеси кои и се случуваат на нашата земја изминативе 30 години се со најсилна поддршка од нашите американски пријатели кои силно се залагаат за демократизација на нашето општество. Три декади поддршка на систем за добро владеење, борба против корупција и поддршка на демократските процеси во земјата вклучително и зајакнување и унапредување на економскиот развој на државата. - рече Ковачевски.