Ковачевски: РЕК Битола е столбот на македонската економија и основата на македонската енергетика веќе 40 години

РЕК Битола е енергетски капацитет од кој зависеше осамостојувањето на нашата држава. И денес во услови на најголемата светска енергетска криза, РЕК Битола е доминантен производител на електрична енергија во земјава. Кажа премиерот Ковачевски по повод 40 години постоење на РЕК Битола. 

Ковачевски истакна и дека во моментов, АД ЕСМ, а во најголем дел РЕК Битола, успешно и континуирано обезбедува 100% од потребната електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи во државата во кои се вработени најголемиот дел од нашите работници.