Ковачевски: Предводам европска влада, шансите за ЕУ не биле никогаш поголеми

Тешко е да се носат разумни пораки кога има неразумно провокации, не смееме да губиме време за стоење во место и порази - порача премиерот Димитар Ковачевски  на годишната  конференција „Година на нови можности“ - преку која се прави пресек на владините мерки и случувања во 2022 година.

Спорот со Бугарија вели дека ќе се решава во духот на европските можности, а националистичката и популистичката реторика според него  е само на поединци.

Дома пак вели секој има обврска да испорача резултати за тоа за што е платен.