Ковачевски: Предлогот за заедница на албански општини е несериозен и неприфатлив

Неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански е предлогот за заедница на албански општини во  македонија – одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање за  идејата  на Алтернатива.

Вели односите  во земјава се решени со Охридски Рамковен договор кој го потпишаа претставници на сите политички партии – и на Македонците, и на Албанците, за кој гаранција се САД и Европската Унија.