Ковачевски: Политиката да ги тргне рацете од верата
Не стивнуваат реакциите за поставувањето на 15-метарскиот крст на земјиште на манастирскиот комплекс Свети Наум на Попова Шапка. Премиерот Ковачевски вели, политиката да ги тргне рацете од верата и непотребно да не се подгрева состојбата.
Според него, на државата и требаат одлуки во однос на интегрирање во ЕУ, а не политички провокации.
Изградбата на крстот во манастирскиот комплекс на Попова Шапка предизвика реакции и меѓусебни обвинувања меѓу партиите. Стојанче Ангелов од достоинство, за студио 10 вели дека поставувањето на крст на Попова Шапка е во чест на верата, а не политичка провокација.
Универзитетскиот професор Никола Дујовски исто така порача дека е потребна смиреност и да не се подгреваат непотребно тензии.
Претходно, општина Тетово испрати инспектори на терен. Нивниот став е дека крстот на Попова Шапка е поставен без соодветна дозвола и најавија дека ќе ги почитуваат сите законски процедури, како што тоа го правеле и досега. Од манастирот на Попова Шапка соопштија дека крстот е поставен на црковно земјиште, дека е верско обележје и дека е дел од урбана опрема.